Актуелниот шампион Пари Сен Жермен на доминантен начин го освои Суперкупот на Франција, совладувајќи го Монако со 4-0 на натпреварот што се одигра во Кина. Тоа е прв трофеј за новиот тренер на „светците“, Томас Тухел, кој го наследи Унаи Емери на клупата.
Анхел Ди Марија со одлично изведен слободен удар го отвори резултатот во корист на ПСЖ во 33.минута, а пред самиот крај на првиот дел Кристофер Нкунку зголеми на 2-0. Стрелец на третиот гол беше младиот Томити Веа во 67.минута, а Ди Марија и ја затвори серијата голови во судиското продолжение од мечот. Во завршницата од дуелот шанса за настап доби и Бразилецот Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА