Серена Вилијамс нема да игра на „Роџерс куп“ во Торонто. 23-кратната гранслем шампионка се повлекува од турнирот поради, како што објасни, „лични причини“. Американската тенисерка има три титули од овој туrнир.
Серена само десет месеци по породувањето играше во финалето на Вимблдон што беше огромен успех. Но, пред неколку дена го доживеа најтешкиот пораз во кариерата од Џоана Конта во Сан Хозе, што покажа дека во моментов не е во најдобра форма за тенис.
Местото на Серена во Tоронто ќе го заземе уште една тазе мајка во ВТА тур, Германката Татјана Мариа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА