Барселона и го враќа Алеш Видал на Севилја

Барселона и Севилја постигнаа договор за трансфер на Алеш Видал вреден 8,5 милиони евра соопшти денеска каталонскиот клуб. Со ова, десниот бек се враќа во старата добро позната средина.

„Барселона му изразува огромна благодарност на Алеш Видал за неговата посветеност на клубот и му посакува успеси во иднина“ – стои во соопштението.

Видал во Барселона мина три сезони, одигра 49 натпревари, постигна четири гола, а со клубот освои вкупно осум трофеи меѓу кои и две шпански титули. Видал се враќа во клубот од каде што го направи трансферот на „Камп Ноу“.

 

 

 

Се вчитува...