Фудбалерите на Барселона претрпеа уште еден пораз на турнејата во САД, губејќи со 1-0 од екипата на Милан.
Долгото патување се покажа безполезно за каталонскиот гигант, особено ако се знае дека за САД воошто не отпатуваа клучните фудбалери предводени од Меси, Суарез и Кутињо, а младинците со кои настапи Барселона на овие средби во секој случај нема да бидат дел од плановите на тренерот Ернесто Валверде штом почне сезонава.
Синоќешниот дуел беше решен во судиското продолжение, кога Андре Силва се најде на вистинското место и го постигна голот за победа на Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА