Интер го лови Модриќ: Три години во Милано, и до пензија во Кина

Италијанскиот калчолигаш Интер не се откажува од идејата за ангажман на Лука Модриќ. Раководството на „нероаѕурите“ има и адут в џеб, му нуди на Хрватот тригодишен договор со Интер, а потоа и заминување во Кина, каде би настапувал за Џиангсу сунинг, „братскиот клуб“, се до негово пензионирање. Ова е навистина примамлива понуда, ако се знае дека Модриќ за трите години во Интер би заработил вкупно 35 милиони евра.

Хрватскиот репрезентативец му најави на Флорентино Перез дека сака да си замине и да ја продолжи кариерата во Италија, но претседателот на Реал Мадрид не е многу попустлив и истакна дека Интер ќе мора да ја плати откупната клаузула која има вредност од неверојатни 750 милиони евра.

Сепак, италијанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид би можел да го продаде Лука Модриќ за сума од 70 милиони евра, а потоа би се насочил на ангажман на помладиот Миралем Пјаниќ од Јувентус.

Се вчитува...