Карло Анчелоти долго време бараше нов десен бек во Наполи, а претседателот Аурелио де Лаурентис конечно му ја исполни желбата на својот тренер потпишувајќи договор со Кевин Малки.
Станува збор за 27-годишен дефанзивец, кој доаѓа во Неапол од редовите на Лил во трансфер вреден тринаесет милиони евра. Тој претходно има настапувано и за Монако и за Ниорт, Лил лани плати девет милиони евра за неговиот трансфер, па францускиот клуб заработи речиси 50% од оваа сума за само една година што францускиот дефанзивец ја мина во дресот на овој клуб.
Претходно Наполи беше поврзуван и со Врсаљко, кој потпиша за Интер, како и со Аријас, кој се пресели во Атлетико Мадрид, а не се реализираше ниту трансферот на Матео Дармијан, кој по долги разговори се чини сепак ќе остане во Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА