Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид не сака лесно да го испушти словенечкиот голман Јан Облак. Откако Челси ја плати отштетната клаузула за Кепа Аризабалага вредна 80 милиони евра, раководството на „јорганџиите“ сака да го ‘врзе’ Облак со нов договор до 2023 година, но и да ја зголеми клаузулата.
Според планот на мадридскиот клуб, Јан Облак ќе добие понуда да остане на „Ванда Метрополитано“ до 2023 година, а во новиот договор ќе има клаузула од 250 милиони евра доколку некој друг биде заинтересиран предвреме да го откупи. За Словенецот се заинтересирани неколку европски гиганти, но тој речиси сигурно ќе остане во редовите на Атлетико Мадрид и претстојната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА