Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев го нема на стартните листи за трките на отворени води на 10 километри и на 25 километри кои се дел од Европското првенство во Глазгов. Трката на 10 километри е веќе утре и извесно е дека Поп Ацев нема да се натпреварува.
Од пливачката федерација велат дека за него била испратена прелиминарна пријава, но оти тој не добил право за настап од ЛЕН. На трката ќе учествуваат 22 пливачи.
„Евгениј Поп Ацев беше пријавен од Пливачката федерација на Македонија, но добивме повратен одговор дека поради лимитираната бројка на учесници, изборот е направен според резултатите на пријавените пливачи и тој не добива право на учество“, вели за ЕКИПА, Александар Маленко.
Од друга страна, во реакција на семејството на Поп Ацев се тврди дека тој ја исполнил нормата пропишана од пливачката федерација, а дека норма за учество на овие трки ЛЕН не пропишува, туку оти само го ограничува бројот на учесници од една држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА