Нетрпението кај дел од навивачите на Манчестер јунајтед кон менаџерот Жозе Мурињо јавно е изразено пред стартот на новата сезона. Поради ваквата атмосфера, букмејкерите не му даваат многу шанси на Португалецот да остане на клупата на „црвените ѓаволи“ до крајот на договорот, а фановите пак, решија да го забрзаат тој процес.
Мурињо наводно може да биде отпуштен веднаш, но тогаш ќе мора да му биде исплатено обесштетување од 12 милиони фунти.
Тоа го инспирара еден од фановите да отвори сметка за собирање на неопходните средства за да го избркаат Мурињо од „Олд Трафорд“.
Ова не е прв пат за приврзаниците на Манчестер јунајтед да застанат отворено против менаџерот на клубот, после ерата на Алекс Фергусон. Цел на напади од навивачите на клубот беше и Дејвид Моес кој го наследи Фергусон на клупата на „црвените ѓаволи“. Тогаш навивачите најмија авион да кружи над „Олд Трафорд“ со банер „Моес, надвор“. Тоа ги чинеше само 840 фунти, но, сумата од 12 милиони за „протерување“ на Мурињо е навистина сериозна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА