ФОТО: Младите фудбалери од Академијата на ФФМ влегоа во новиот дом

Генeрациите 2004. и 2005. од фудбалската Академија на ФФМ официјално се вселија во новиот дом, сместувачкиот капацитет во комплексот „Куќа на фудбалот“. Објектот во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“ во себе содржи сместувачки капацитет за учениците од ФФМ/УЕФА Елитната академија, како и за младите национални тимови.

Целосно се опремени за живеење 30 двокреветни соби, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории – сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија.

Сместувачкиот капацитет е наменет за престој на учениците од фудбалската академија во текот на училишната година, а по потреба ќе се користи и за младинските национални тимови во пресрет на натпреварите.

Ова е прв објект од ваков вид во Македонија, а со отворањето се потврдува дека ФФМ работи согласно нејзината визија: Фудбалот на прво место, создаваме можности.

Една од главните заложби на Фудбалската федерација на Македонија е да ја препознае и да го направи многу подобар „фудбалскиот живот“ на младите.

 

Се вчитува...