Младиот грчки тенисер Стефанос Циципас приреди сензација елиминирајќи го Новак Ѓоковиќ со 6-3, 7-6, 6-3 во осминафиналето на „Роџерс Куп“ во Торонто. За победникот на Вимблдон ова е прв пораз по серијата од девет победи.
Откако направи изненадување со победат против Доминик Тим, 19-годишниот Грк покажа неверојатна самоувереност и сила и во дуелот со моментно 10.тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ.
Цивипас стартуваше сигурно и го доби првиот сет со 6-3. Ѓоковиќ кој е 11 години постар од својот противник, со многу маки го доби вториот сет во тај-брејк со 7-5. Но, не успеа да го скрши Гркот кој беше поуспешен во решавачкиот трет сет со 6-3 и обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Торонто. Следен противник на Циципас ќе му биде победникот од дуелот меѓу Медведев и Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА