Подготвувајќи се за новата сезона Тетекс се засили и со централниот дефанзивец Антонио Митрев. Се работи за 19-годишен активен репрезентативец на Македонија кој меѓу „штофарите“ пристигна на еднагодишна позајмица од Балзан, Малта.
Митрев претходно во кариерата има настапувано за првиот и вториот тим на Металург, Црвена Звезда (У-19) како и за Тарџиен и Балзан од Малта.
Претходно, Тетекс ги освежи своите редови и со Јане Иваноски и Стефан Коцев од Македонија ЃП, Марјан Мицков од Силекс, Башким Љама на позајмица од Шкендија, како и Филип Крстевски, Роберт Младеновски и Кенан Ватиќ од Локомотива.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА