Македонскиот првак Шкендија ги пушти во продажба билетите за реванш дуелот од третото квалификациско коло против Салцбург, меч што ќе се игра на Националната арена „Филип втори“ на 14 август (вторник) со почеток во 20.15 часот.
Тетовци ќе бркаат негатива од три гола што се чини недостижна, но во секој случај очекуваат силна поддршка од трибините во обид да се забележи барем нова европска победа.
Затоа и цените на билетите не се зголемени во однос на претходниот дуел со Шериф, па истите ќе можат да се купат преку мрежата на „mktickets“, по цена од 200 до 600 денари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА