Јотовски не успеа до полуфинале на фјучерсот во Нови Сад

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Нови Сад, Србија.

Јотовски, кој беше четврти носител на турнирот во поединечна конкуренција, во четвртфиналната пресметка загуби од осмиот носител Ерги Киркин од Турција во три сета.

Иако македонскиот тенисер го доби првиот сет со 6-4, ги загуби вторите два сета со 5-7 и 3-6.

Се вчитува...