УЕФА ја казни Црвена Звезда поради пропусти во организацијата на претходните натпревари од Лигата на европските шампиони.
УЕФА донесе одлука за казна на белграѓани по два основи со два натпревари без публика во Европа поради расистичко однесување и блокирани скали за време на натпреварите со што се загрозува безбедноста на стадионот.
Првиот случај се песните кои ги пееја навивачите со истакнување на ликот и делата на Ратко Младиќ и Дража Михајловиќ. Покрај двата натпревари без публика Црвена Звезда ќе мора да плати и 72.000 евра.
Од клубот информираа дека нема да се огласуваат по ова прашање, прифаќајќи ги казните како такви. „Црвено-белите“ сега ги очекува гостување на Спартак Трнава. Ако поминат ќе играат во плеј-оф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА