Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал дојде до полуфиналето на АТП Мастерсот во Торонто откако во четвртфиналната пресметка славеше против Хрватот Марин Чилиќ.
Надал до триумфот стигна во три сета. Откако го загуби првиот со 2-6, потоа со 6-4,6-4 ги освои следните два за конечна победа.
Беше тоа осма пресметка меѓу Надал и Чилиќ во која Шпанецот стигна до шесттата победа.
Надал во полуфиналето го чека 22-годишниот Карен Хачанов кој со 6-3,6-1 славеше против Робин Хасе. Во второто полуфинале ќе играат тинејџерот Стефанос Циципис и петтиот играч на светот, Кевин Андерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА