Тотенхем го реши Њукасл за почеток на новата сезона

Тотенхем успеа да ја оправда фаворитската улога и да дојде до победа од 1-2 на гостувањето против Њукасл во првото коло од новата сезона во Премиер лигата.

Сите возбудувања на мечот беа во првите 18 минути кога паднаа и сите три погодоци. Најпрво Тотенхем поведе уште во 8. минута преку Вертонген, а домашните израмнија во 11. минута преку Жоселу.

Триумфот и трите бода на Тотенхем им ги донесе Деле Али со голот во 18. минута…

Се вчитува...