Романската тенисерка Симона Халеп се пласираше во финалето на ВТА турнирот во Монтреал.
Првата тенисерка на светот во полуфиналето беше подобра од Австралијката Ешли Барти славејќи без поголеми проблеми со 6-4,6-1. Како што покажува и самиот резултат, Симона донекаде во првиот сет и допушти на Барти да и парира, но во вториот сет апсолутно доминираше.
Халеп за трофејот на „Роџерс куп“ ќе се бори против подобрата од мечот меѓу Американката Слоан Стивенс и Украинката Свитолина.
Инаку, по Шезен, Австралија опен, Рим и Роланд Гарос, ова е петто финале за Халеп во 2018 година и можност за нова титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА