Интер има нов гол-мајстор: Каков волеј на Лаутаро против Атлетико Мадрид

Лаутаро Мартинез пристигна во Европа со прекарот „новиот Агуеро“, а новиот ас на Интер веднаш почна да докажува дека ги заслужува споредбите со голгетерот на Манчестер сити.

Кој не верува, нека го погледне неговото ремек-дело на вечерашниот пријателски натпревар со Атлетико Мадрид, кога по волејот на Лаутаро словенечкиот голман Јан Облак не ни мрдна, и самиот изненаден од мајсторијата на голгетерот на „нероаѕурите“.

 

Се вчитува...