Експедицијата на Салцбург допатува во Скопје, каде австрискиот првак утре ќе го игра реваншот од третото квалификациско коло за ЛШ против екипата на Шкендија. Во таборот на Салцбург владее одлична атмосфера по петте победи на првите пет средби сезонава, но тренерот Марко Росе ги предупреди своите фудбалери дека без оглед на предноста од 3-0 од првиот меч никако не смеат да си дозволат опуштање на утрешниот реванш.
„По првиот меч реков дека правевме грешки во одбраната што не смееме да си ги дозволиме во иднина. Близу сме до следната рунда, ќе сториме се за да се пласираме, но едно е јасно – не смее да има опуштање. Мораме да играме со 120% како и на домашниот натпревар, ако не излеземе за да го оставиме срцето на терен ќе имаме сериозен проблем“ – истакна стратегот на Салцбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА