Австрискиот првак Салцбург пристигна во Скопје со убедливи три гола предност од првиот меч против Шкендија, но тренерот Марко Росе вели дека неговиот тим нема воопшто да се опушти, затоа што знае дека Шкендија е опасен тим. Ќе играат мудро, дисциплинирано и ќе се обидат да постигнат погодок, што веројатно и би решил сите дилеми околу патникот во следната рунда од квалификациите во Лигата на шампионите.
„Имаме предност, меѓутоа и нема да се опуштиме. Има уште 90 минути за играње, а Шкендија покажа дека е опасен тим, кој умее да создаде шанси пред нашиот гол. Ќе треба да бидеме мудри, да одиграме квалитетно и ќе настојуваме да постигнеме погодок. Нашата цел е јасна, сакаме да се пласираме понатаму. Свесни сме за нашиот квалитет, но мора да бидеме на висина на задачата и овде во Скопје“, изјави Марко Росе, тренерот на Салцбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА