Обамејанг со „специјално барање“ до Емери

Арсенал загуби на отворањето од сезоната од шампионот Манчестер сити, а веќе во второто коло „топчиите“ ги очекува уште еден дерби дуел, овојпат на гостински терен против градскиот ривал Челси. Избраниците на Унаи Емери не можат да бидат задоволни од својот настап, a напаѓачот Пјер Емерик Обамејанг веднаш упатил и посебно барање со шпанскиот стратег  – да не игра осамен во навалната линија на лондонскиот кллуб.

„Би сакал Лаказет да игра крај мене во нападот и му го кажав тоа и на тренерот. Имаме навистина добар однос и тоа е она што е неопходно за двајца напаѓачи беспрекорно да соработуваат. Се виде и против Манчестер сити, игравме многу подобро, бевме поопасни откако Лаказзет влезе на теренот. Се надевам дека и Емери го увиде тоа и веќе против Челси двајцата ќе бидеме во стартниот тим“ – изјави Обамејанг.

Останува да се види дали шпанскиот стратег ќе го послуша својот голгетер и ќе тргне во тотална офанзива, со оглед на фактот дека двајцата играчи за врска, Озил и Мхитаријан, речиси и да не извршуваат никакви задачи во дефанзива.

Се вчитува...