Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи го нагласи задоволството од изданието на неговиот тим на реваншот против австриски Салцбург и покрај несреќниот пораз и елиминацијата од ЛШ.
Османи вели дека токму изданието на тимот, посебно во второто полувреме, даваат силна надеж за успешен настап во плеј-оф рундата од квалификациите во Лигата на Европа. А, таму Шкендија најверојатно ќе го добие Розенборг кој е во предност пред ирски Корк сити.
„Заслуживме победа на реваншот, но ете место тоа по една наша грешка доживеавме и пораз. Но, токму оваа игра ни покажа дека Шкендија има сили за борба за влез во групите од Лигата на Европа. Без разлика на противникот знам дека нашиот тим во плеј-оф колото за ЛЕ максимално рамноправно ќе се бори за место во групната фаза што би било историски момент за Шкендија“ – истакна Османи на прес-конференцијата по дуелот со Салцбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА