Феноменално навивање од фановите на Фенер… Но, Елмас и соиграчите ги оставија без ЛШ (ВИДЕО)

Турскиот Фенербахче не успеа да се избори за место во групната фаза од Лигата на шампионите откако испадна во третото квалификациско коло од Бенфика.

Фенер во Истанбул одигра 1-1, што беше недоволно по поразот од 1-0 во Лисабон. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот натпревар за Фенербахче, демонстрирајќи одлична партија.

Но, иако не се пласираа понатаму, фантастичните навивачи на Фенербахче приредија извонредно шоу со серија кореографски новини уште пред да почне мечот…, сето тоа со порака „Нашите светла ќе блескаат и во темнина“…

Се вчитува...