И Модриќ се збогува од дресот на хрватската репрезентација!?

Капитенот на Хрватска и најдобар фудбалер на неодамна завршениот Мундијал во Русија, Лука Модриќ до крајот на неделата ќе го соопшти тоа што претходно го направија Чорлука и Манџукиќ: Збогум од дресот на хрватската репрезентација!

Според извори блиски до семејството на Модриќ веќе е донесена одлуката Лука да каже крај за репрезентативната кариера. Плејмејкерот на Реал Мадрид за помалку од еден месец полни 33 години. Пред него по бројот на настапи се само Срна (134) и Плетикоса (114), а дека Модриќ по 113 одиграни репрезентативни натпревари ќе се збогува од националниот тим се насетуваше уште по крајот на Светското првенство 2018.

Тогаш на прашање дали и натаму ќе игра за репрезентацијата одговори: „Иднината на репрезентацијата е блескава. Треба да минат неколку денови и да се одмориме. Подобро е за едно такво прашање да се одлучи со ладна глава за една недела или десет дена, а не сега веднаш по финале на СП“.

Но, изминативе денови главна тема околу Модриќ беше евентуалниот трансфер од Реал во Интер. А пензионирањето остана во втор план… Сега, веројатно ќе дојде и оваа тема на дневен ред, а Модриќ сам ќе ја соопшти одлуката до крајот на неделава.

Се вчитува...