Што се случува со Шумахер: Семејството донесе неочекувана одлука

Здравствената состојба на Михаел Шумахер повторно се најде во фокусот на вниманието на јавноста откако неговата сопруга Корина реши семејството да ја напушти Швајцарија и да се пресели во Мајорка. Големиот Ф-1 ас пред речиси пет години тешко настрада при скијачка незгода на француските Aлпи, Шумахер едвај преживеа, но оттогаш неговата состојба се чува во најстрога тајност.

По бројните операции тој беше префрлен во семејната куќа во Швајцарија, а по неколку години беше донесена одлука целото семејство Шумахер да замине во Шпанија, во куќата во Мајорка што Корина неодамна ја купи за сума од 30 милиони евра.

„Можам официјално да потврдам дека Михаел Шумахер ќе пристигне во нашето место. Подготвени сме за дочек“ – изјави Катја Руарш, началничка во општината Андрач, каде се наоѓа новата куќа на семејството Шумахер.

Имотот се простира на површина од 15.000 квадратни метри, а освен куќата има и два базени, хелиодром, два помали објекти.

Се вчитува...