Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ не го криеше задоволството од стартот со победа во квалификациите за пласман на ЕП 2019.
Но, Матијашевиќ по триумфот над Унгарија од 2-3 во Будимпешта потенцираше дека треба да се остане приземен затоа што ова е само почеток на квалификацискиот циклус а не чека долг пат до ЕП…
„Секако дека извојувавме повеќе од значајна победа против противник кој е директен конкурент за првото место во групата. Имавме осцилации во играта, но на крајот е важна само победата. Сепак, треба да останеме смирени, добро да се одмориме затоа што веќе во сабота не чека нов тежок натпревар против Украина. Очекуваме секако со голема поддршка од трибините во Скопје да дојдеме до нова победа“ – вели Матијашевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА