Супер-меч во Талин: Реал и Атлетико во продолженија ќе одлучуваат за Суперкупот!

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе играат продолженија на УЕФА Суперкуп натпреварот кој се игра во Талин, Естонија, откако во регуларниот дел мечот заврши без победник, 2-2.

Во интересен натпревар со многу пресврти Реал пропушти шанса уште во регуларниот дел да го одбрани трофејот освоен минатата година во Скопје дозволувајќи Атлетико да стигне до израмнување за 2-2 со голот на Диего Коста во 79. минута…

А, претходно Атлетико поведе со 0-1 со гол повторно на Диего Коста уште во 1. минута од средбата…

„Кралевите“ израмнија преку Бензема во 27. минута, а Серхио Рамос од пенал донесе пресврт за 2-1…


Реал Мадрид атакува и на третиот едноподруго трофеј од УЕФА Суперкупот откако славеше претходните две години во Трондхајм и во Скопје. Тоа би било за првпат во историјата една екипа трипади едноподруго да стигне до УЕФА Суперкупот.

Се вчитува...