Македонија ќе биде дополнително засилена за стартот на претквалификациите за Евробаскет 2021, откако Марко Симоновски се согласи повторно да го облече репрезентативниот дрес за претстојните дуели против Косово и Романија.
Одличниот шутер минатото лето влезе во конфликт со федерацијата откако заработи повреда при подготовките, по што беше обелоденето дека репрезентативците не биле осигурани. На крајот Агенцијата за Млади и Спорт ги покри платите на Симоновски за периодот во кој крилниот кошаркар беше надвор од терените, Симоновски ги пропушти наредните дуели со Швајцарија и со Словачка, за во меѓувреме да го промени својот став и да ја прифати понудата за настап во септемвриските дуели во Приштина и во Скопје.
Од МЗТ Скопје информираат дека Симоновски е еден од шестмината „металци“ кои се најдоа на списокот на селекторот Давитков, на кој има место и за Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Љубомир Младеновски, Андреј Магдевски и Андреј Маслинко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА