Македонските ракометни кадети во полуфиналето на ЕХФ шампионатот (У18) во Тбилиси,ќе играат против селекцијата на Белорусија. Натпреварот за финале на шампионатот и борба за пласман на младинското ЕП 2020 година ќе се одигра в сабота со почеток во 17.15 часот.
Белорусија заврши на второто место во групата Б откако денеска во решавачкиот меч за првата позиција загуби од Италија со 22-27. Италија е прва во оваа група и во полуфиналето за противник ќе ја има селекцијата на Швајцарија која пак беше втора во групата А зад Македонија.
Македонските кадети имнаа извонреден настап со максимални пет победи во групата и со реално големи шанси влегуваат во завршницата на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА