Феноменалниот Тричко: Хет-трик во новата победа на АЕК против Штурм… (ВИДЕО)

По двата погодоци во првиот натпревар од 3. квалификациско коло за Лига Европа, Иван Тричковски постигна хет-трик за АЕК Ларнака и на реванш дуелот против австриски Штурм во кој неговиот тим води со 5-0…

Овој пат македонскиот репрезентативец погоди во 8., 67. и во 80. минута за АЕК во натпревар во кој Кипраните дефинитивно обезбедуваат пласман во плеј-оф рундата за место во групната фаза од Лига Европа.


Тричковски игра во извонредна форма ова лето што само може да биде плус и за македонската репрезентација пред настапите во Лигата на нации следниот месец.

Се вчитува...