Јованчев: Сега имаме две шанси за пласман во А дивизијата, одиме уште по првата

Kошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години е со сериозни шанси за пласман и во елитната А конкуренција во Европа, по пласманот во полуфиналето на Европското првенство – Б дивизија.

Нашите кадети во четвртфиналето ја победија Романија со 74-71 по што следи полуфинална пресметка со домаќинот Босна и Херцеговина. Со победа против БиХ и пласман во финалето обезбедуваме пласман во А дивизијата.

„Денешниот натпревар го одигравме во спор ритам, меѓутоа заморот си го направи своето. Сепак во изминативе два дена заеднички како стручен штаб успеавме тактички да ги подготвиме играчите и да одиграме максимално. Ја променивме играта во одбрана од претходните три натпревари, а Романија не успеа да најде решение. Ние смирено одигравме во последната минута и дојдовме до овој значаен триумф. Имаме две шанси за А дивизија, а ние ја бираме првата“ – вели селекторот Александар Јованчев.

Ако не ја победиме БиХ (денеска од 18:45) тогаш ќе ни остане уште втората шанса за пласман во А дивизија, да победиме во натпреварот за 3. место на турнирот против поразениот од втората полуфинална пресметка меѓу Чешка и Русија.

Се вчитува...