По 25 години, Маркизио се раздели со Јувентус

Клаудио Маркизио од денеска не е повеќе член на Јувентус. По 25 години во клубот во кој ги мина и сите категории Маркизио се одлучи на раскин на договорот со „Старата дама“ и од денеска е слободен фудбалер.

Детето на „црно-белите“ одигра 389 официјални натпревари за клубот притоа постигнувајќи и 37 погодоци. 32-годишниот Маркизио зад своето име има седум шампионски титули, четири Купа на Италија и три Суперкупа на Италија во дресот на Јувентус.

Покрај Јувентус само една сезона играше на позајмица во Емполи. Стана нескриен миленик на навивачите на Јувентус, но сега дојде време за разделба.

Се вчитува...