Шкендија ја одреди цената на билетите за реванш мечот од плеј-оф рундата за пласман во групната фаза од Лигата на Европа против норвешки Розенборг.
Билетите за мечот кој ќе се игра на 30. август на националната арена „Филип Втори“ во Скопје се категоризирани врз основа на позициите на трибините. За Северната трибина цената е 300 денари, за Јужната – 200 денари, и за Источната и Западната трибина по 100 денари.
Претходно првиот натпревар се игра во Норвешка на 23. август со почеток од 20:45 часот на стадионот „Леркендал” во Трондхајм кој е со капацитет од 21.400 места.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА