Кристијано Роналдо очигледно брзо се вклопи со останатите соиграчи во екипата на Јувентус. Како што е тоа обичај со поголемиот број клубови, новите фудбалери мора да запеат некоја песна на еден од првите собири на екипата…. Таква ‘судбина’ го затекна и Кристијано Роналдо.
Португалецот не покажа некои завидни пејачки способности, но тоа и не би била доволна брука ако соиграчите на го постираат на социјалните мрежи.
Па, Миралем Пјаниќ не пропушти можност да го искористи Роналдо за да се пошегува на својот Инстаграм профил, презентирајќи го неговиот „талент“ за пеење.
Секако, ова е шега низ која Роналдо мораше да помине, а која е во суштина и доказ дека во екипата владее одличан атмосфера пред утрешниот дуел од 1. коло во Серија А против Киево…
Cristiano Ronaldo has undergone his juventus initation pic.twitter.com/7Tj0ZmynKr
— Juvefc.com (@juvefcdotcom) August 17, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА