Иван Стриниќ ги смирува тензиите откако во текот на вчерашниот ден беше утврдено дека левиот бек на Милан има срцева болест, поради што „росонерите“ објавија дека тој извесно време нема да може да се занимава со спорт. Сепак, Хрватот открива дека ситуацијата воопшто не е толку страшна колку што се претставува, па е убеден дека паузата нема да биде премногу долга.
„Нема причина за загриженост, ништо посебно не се случува. Ќе одморам десет дена, потоа ќе следат нови прегледи, а лекарите ме уверуваат дека најдоцна за еден месец би требало да сум подготвен да играм за Милан. Поради се што се случува во светот на фудбалот лекарите се многу претпазливи и најверојатно препорачаа повисоки мерки на претпазливост отколку што требаше. Во секој случај одморот ќе ми биде добредјден за да ја залечам и повредата на тетивата што ме мачи подолго време“ – изјави Стриниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА