Наполи играше променливо во подготвителниот период, но кога беше најважно избраниците на Карло Анчелоти покажаа беспрекорна фудбалска претстава и стигнаа до голем триумф на гостувањето на „Олимпико“ против Рим.
„Ова е моќен Наполи, отсекогаш го велев тоа. Дојдов ове бидејќи верувам во желбата, во ентузијазмот на овој клуб, заедно со квалитетот што знам дека тимот го поседува, иако многумина се сомневаат во него. Покажавме карактер и добра игра, секако дека може подобро, но да не заборавиме дека сме заедно само неколку месеци и многу работи се во фаза на промена. На почетокот не бевме доволно агресивни, но се разбудивме по голот на Лацио, го покажавме своето вистинско лице и на крајот заслужено победивме“ – изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА