Новак Ѓоковиќ за првпат во својата кариера успеа да го освои Мастерсот во Синсинати, сега комплетирајќи ги сите турнири од мастерс серијата, славејќи во финалето против Роџер Федерер со 6-4,6-4.
„Ова е навистина посебен момент, првпат тука стојам со победничкиот трофеј. Губев многу финалиња тука, и тоа од овој господин Роџер Федерер. Ти благодарам Роџер што сега ме ‘пушти’ да победам. Ова беше одличен меч, ми беше задоволство да го делам теренот со голем шампион како што си ти“ – истакна Ѓоковиќ на церемонијата при доделувањето на пехарите и дополни:
„Сакам да и се заблагодарам на мојата фамилија. Ја чувствувам нивната поддршка цел овој период. Тежок период е зад мене, операција, можеби беше и малку нереално да се вратам вака брзо на ова ниво со освојување на Вимблдон и овој турнир кој ми недостасуваше. Вредеше да се чека оваа титула, да се враќам тука секој пат и едвај чекам повторно да се видиме“.
Новак е прв тенисер во историјата кој успеа да дојде до „Златниот Мастерс“, т.е до успех до кој никој не успеал да стигне од кога АТП во 1990 година го воспостави важечкиот систем.
„Му честитам на Новак за овој историски момент. Навистина е неверојатно тоа што успеа да го достигне денеска и што воопшто има направено во својата кариера“ – истакна Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА