Валенсија и Атлетико Мадрид ремизираа 1-1 во дербито на првото коло од Примера дивизион, меч во кој се водеше жестока битка на теренот, за на крајот да заврши без победник.
Гостите од Мадрид имаа предност од 0-1 по првиот дел, откако Кореа реализираше на асистенција на Гризман. Валенсија во второто полувреме тргна во офанзива, израмни преку Родриго по една неочекувано лоша проценка на Годин.
Домашниот тим може да жали што не дојде и до цел плен, ако се земат во предвид неколкуте шанси во последните минути, кога Вас, Батшуаи и Гамеиро не успеаја да го совладаат Јан Облак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА