Шкендија полета за Норвешка – во Трондхајм нека се испише нова историја

Фудбалерите на Шкендија попладнево отпатуваа за Норвешка, каде в четврток ќе водат битка за влез во групната фаза во Лигата на Европа. Ривал ќе им биде Розенборг, тимот што доминира на норвешката фудбалска сцена, но за кој тетовските „црвено-црни“ веруваат дека ќе успеат да најдат лек, да го изненадат и да испишат нови страници во сопствената клупска историја.

Само за потсетување, тетовци и минатата сезона стигнаа до истата фаза од ова натпреварување, но тогаш налетаа на италијанскиот гигант Милан, сите шанси губејќи ги уште на првиот меч на „Сан Сиро“ со убедлив пораз од 6-0.

Розенборг сепак не е Милан, а Шкендија, доколку одигра онака како што знае и умее, може да стигне до активен резултат пред реваншот во Скопје.

Се вчитува...