Седум ракометари од младинската екипа се приклучуваат во првиот тим на РК Охрид

РК Охрид смета на своите надежи и го реализира зацртаниот план играчкиот ростер да се базира на домашни играчи од сопствената ракометна школа. Во таа насока е и приклучувањето на седум ракометари од младинската екипа во првиот тим на РК Охрид за настапите во Супер лигата.

Четиригодишни договори со РК Охрид потпишаа: Наум Костов, Николче Ристески, Мартин Иваноски, Кристијан Димитриески, Даниел Андоновски, Јован Трајкоски и Михаил Иваноски.

„Сакам да им честитам на седумте ракометари кои потпишаа четиригодишни договори и да им посакам многу среќа во оваа сезона и во следните што ни претстојат. Ним им останува да се фокусираат на тренирањето и на играњето ракомет, а ние продолжуваме по зацртаниот план кој го ветивме. Сениорската екипа ја формиравме со домашни играчи и две странски засилувања кои беа неопходни“ – изјави Горан Недески од раководството на РК Охрид.

Охриѓани под водство на тренерот Горан Андоновски, со подготовките за новата сезона почнаа на 8 август и во наредниот период до стартот планирано е да одиграат неколку контролни натпревари. Новата суперлигашка сезона РК Охрид ја отвора со гостинскиот дуел во Скопје против Пролет.

Фото: ohridnew.com

Се вчитува...