Легендата на светската атлетика сега во улога на потпретседател на Светската атлетска федерација (ИААФ), Сергеј Бубка, е ослободен од обвинението за незаконски банкарски транефри и корупција, Антикорупциската комисија на ИААФ врз основа на собраните информации за случајот заклучи дека нема докази за нарушување на правилата од страна на Бубка.
Францускиот весник „Ле Монд“, минатата година објави информации дека Бубка во 2009 година префрлал пари на компанија поврзана со тогашниот финансиски директор во ИААФ, Валентин Балахничев, кој подоцна доби доживотна суспензија од атлетиката заради изнудување и корупција.
Сергеј Бубка е олимписки шампион и светски рекордер во скок со стап. По завршувањето на натпреварувачката кариера тој стана претседател на Украинскиот олимписки комитет и лкен на ИОК, а ја извршува и функцијата потпретседтаел на ИААФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА