Победа ќе го пречека Работнички в недела во Битола

Натпреварот од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига на гостински терен против Победа, Работнички ќе го игра на стадионот „Тумбе кафе“ во Битола в недела (26. август) со почеток од 17 часот.

Поради реконструкцијата на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, Победа своите домашни натпревари ги игра најчесто во Битола. Така ќе биде и в недела против „романтичарите“.

Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат сограѓаните Ангеловски и Станковски. Четврти судија ќе биде Васко Мавров, исто така од Струмица, а делегат Гоце Цветановски од Демир Хисар.

Во недела ќе се играат и натпреварите Вардар – Македонија ЃП, Академија Пандев – Шкупи и Силекс Ренова. Поради настапот во квалификациите за Лига Европа, Шкендија ќе ја пречека Беласица во Тетово во понеделник (27. август).

Се вчитува...