Стратегот на Шкендија, Ќатип Османи секако не е задоволен од поразот (3-1) од Розенборг во првиот натпревар од плеј-оф рундата за место во групите од Лигата на Европа. Пред се и поради квалитетното издание на неговиот тим кој заслужи и многу повеќе во Трондхајм.
Неколку нереализирани 100% шанси, примени наивни голови, и на крај недосуден очигледен пенал за Шкендија… Сето тоа дава надаж кај Османи дека реваншот во Скопје нема да биде само формалност.
„Не заслуживме ваков пораз затоа што одигравме на еднакво ниво со Розенборг. Но, примивме наивни голови а од друга страна не реализиравме неколку убави шанси. Но, сигурен сум дека во Скопје ќе се одлучуваат многу нешта. Голот на Жуниор за нас секако носи голема надеж“ – истакна Османи по синоќешниот дуел во Трондхајм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА