Тоа беше ден за паметење, ден за историја – 24 август 2017 година. На денешен ден пред точно една година Вардар забележа неверојатна победа среде Истанбул над Фенербахче (1-2) и се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа, прв македонски клуб кому ова му успеало.
Победата од 2-0 даваше оптимизам за такво нешто, но „вардарци“ знаеја дека ќе мораат да ја повторат играта од Скопје ако сакаат да одговорат на предизвикот среде „турскиот пекол“. И го сторија токму тоа, покажаа и фантастичен карактер откако домаќинот поведе со 1-0.
Првиот блесок беше на Џигаури, кој на асистенција на Фелипе израмни на 1-1.
А потоа дојде 91. минута – Фелипе пак во улога на асистент, овојпат Глигоров ја имаше честа да го постигне голот за историја, голот што значеше потврда – Вардар е во Лигата на Европа.
ФЕНЕРБАХЧЕ – ВАРДАР 1:2 (0:0) вкупен резултат: 1:4
Стадион: „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. Гледачи: 45.000. Судија: Даниел Стефански (Полска).
Стрелци: 1:0 Нојштадер 60’, 1:1 Џигаури 68’, 1:2 Глигоров 90’+1
ФЕНЕРБАХЧЕ: Камени, Исла, Нојштадер, Шкртел, Кобајаши, Дирар, Туфан, Топал (75’ Ќосе), Валбуена, Потук (44’ Чахечоухе), Ван Перси (59’ Солдадо).
ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Велковски (74’ Глигоров), Новак, Брдаровски, Спировски, Николов, Фелипе, Џигаури (84’ Којашевиќ), Блажевски (62’ Муслиу), Барсегјан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА