Натпреварот од Лига Европа меѓу домаќинот Олимпијакос и англиски Барнли во Атина заврши со серија инциденти и бројни повредени навивачи од двете страни.
Олимпијакос славеше со 3-1, но тоа остана во втор план по информациите за немирите меѓу двете навивачки групи. Пред дуелот во Атина, во нередите предизвикани од двете навивачки групи, со нож биле прободени тројца фанови на Барнли а уште тројца, според полициската евиденција, се претепани и ограбени.
Како причина за немирите се наведува и алкохолизираната состојба на англиските навивачи поради што грчката полиција и уапсила 23 навивачи на гостинскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА