Феноменот Роналдо – „Се враќаме од гостување во два после полноќ, а тој оди да тренира…“

Џовани Маури, еден од најценетите кондициски тренери во светот ја открива тајната на извонредната физичка форма на Кристијано Роналдо. Португалецот кој летово го замени Реал Мадрид со Јувентус на 34.години изгледа и функционира како да има десет години помалку.

Маури кој со години е клучен соработник на Карло Анџелоти со кого работеше заедно в о Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид и во Баерн, две години го подготвувал Роналдо и одлично го познава. Во разговорот за „Тотоспорт“, Маури објаснува дека најдобриот фудбалер во светот е опседнат со својата физичка форма.

Сите млади фудбалери би напредувале само да го гледаат како тренира. Тој се прави со насмевка, а не без волја, што денеска го прават дури и фудбалерите во младинските категории. Кристијано е феномен, дури и за спортистите од елитно ниво на кое и самиот припаѓа. Секогаш тренира најдобро што може бидејќи неговиот начин на работа има три основни работи – посветеност, нматпреварувачки дух и позитивен став“

Маури со еден пример го опиша најдобро каков работник е Роналдо и колку е посветен на својата професија.

„Зборуваме за фудбалер од светска класа, кој откако во два часот наутро ќе се вратиме од гостување во Лигата на шампионите, оди во нашиот камп и таму еден час работи разни вежби!“

Се вчитува...