„Да се биде или не“ за одбојкарите во Швајцарија

Македонската одбојкарска репрезентација и тоа како си го искомпромитира оној одличен старт во квалификациите за ЕП 2019 и онаа победа на гости против Унгарија, откако потоа запиша два порази на домашен терен со 2-3 од Украина и од Швајцарија.

Секако, посебно боли поразот од Швајцарците во 3. коло со кој значително си ги намаливме шансите за историски пласман на Европско првенство. Иако не се и загубени. Но за да се успее да се стигне до второто место во групата, кое потоа доколку бидеме една од петте најдобри второпласирани селекции од седумте квалификациски групи може да не однесе на ЕП, мора денеска триумф на гости против Швајцарците.

Македонија денеска од 17 часот во „Бетонкуп арена“ во Шененверд го игра четвртиот натпревар од квалификациите, сега на гостински терен против Швајцарија. Ова ќе биде и последниот натпревар во августовскиот термин.

Последните два натпревари од квалификациите ги играме во јануари следната година. Во претпоследното коло (5/6. јануари 2019), Македонија ќе гостува на Украина, а на 9. јануари 2019 ќе игра во Скопје против Унгарија.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП (Група Ф – 4. коло)

ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА

УКРАИНА – УНГАРИЈА

ТАБЕЛА: Украина 8, Македонија 4, Унгарија 3, Швајцарија 3.

Се вчитува...