Златан Ибрахимовиќ беше во центарот на вниманието на градското дерби во Лос Анџелес, откако Швеѓанецот со помош на ВАР технологија постигна гол за ЛА галаки против големиот ривал.
Ибра умешно ја смести топката кај голманот, еден од противничките дефанзивци реагираше, за малку задоцни, но судијата не забележа дека топката ја минала гол-линијата. За среќа на Златан и соиграчите, во МЛС-лигата веќе неколку години наназад се употребува ВАР, па по прегледување на снимката беше утврдено дека голот треба да биде признаен.
„Ова дефинитивно ми е еден од најчудните голови во кариерата. На судијата му требаа неколку минути за да го види она што беше очигледно веднаш при самата акција“ – изјави Ибрахимовиќ по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА