Анчелоти: Ова беше дерби преполно со емоции

Карло Анчелоти имаше блескав период како тренер на Милан, остварувајќи резултати со кои стана дел од европскиот крем во својата струка. Летово тој се врати во Италија и седна на клупата на Наполи, а судбината сакаше својот прв дуел во Неапол да го игра токму против својот Милан, прв негов дуел со „росонерите“ по пауза од 17 години.

И имаше што да се види, одличен фудбал, водство на Милан од 0-2, а потоа и неверојатен пресврт на Наполи во второто полувреме и победа од 3-2.

„Милан одигра извонреден натпревар, но по негативата од 2-0 покажавме неверојатна желба да не се откажеме, да веруваме во своите шанси и успеавме да се вратиме. Имам убави спомени од сите мои фудбалери, но со Гатузо секогаш било нешто посебно. Ова беше прекрасна вечер, преполна со емоции за мене“ – изјави Анчелоти.

Се вчитува...